НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ РАСПАДНАЛ СССР За причините уште се дебатира во Русија

Во Русија е популарна теоријата на завера според која Горбачов свесно тежнеел да ги уништи социјализмот и СССР. Но, не постојат докази дека тој навистина сакал да ја укине сопствената власт.

406

Економијата на СССР не можела „да забрза“ и покрај идеите за Перестројка, обид на тогашниот претседател Михаил Горбачов да се реформира социјалистичкиот систем, па така, на денешен ден во 1991 година Советскиот сојуз се распаднал.

Ден претходно Горбачов пред јавноста објавил дека веќе нема да биде претседател, а во Кремљ било спуштено државното знаме.






Во Русија е популарна теоријата на завера според која Горбачов свесно тежнеел да ги уништи социјализмот и СССР. Но, не постојат докази дека тој навистина сакал да ја укине сопствената власт.

Причините за распадот на Советскиот Сојуз се сложени и повеќеслојни. Некои од причините вклучуваат неуспех на советската економија да остане во чекор со Западот, недостатокот на политичка слобода и неспособноста на советската влада да се прилагоди на променливите времиња. Како причин се вбројува и големата корупција која постоела во самиот систем. 

Според Лудвиг фон Мизес, австриски економист кој не го дочека падот на СССР, комунизмот не може да успее како систем затоа што ги укинува слободните пазари, така што владите немаат пазарни цени да ги водат кога го планираат производството, односно во државно контролирана економија цените се нереални и надвор од вистинските барања.

Прва која прогласила независност од СССР била Литванија во март 1990 година, а сите останати прогласиле во 1991 и тоа уште пред распадот. Хронолошки следувале: Грузија, Естонија, Латвија, Украина, Белорусија, Молдавија, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан, Ерменија, Азербејџан, Туркменистан, Русија и последен Казахстан.

Поврзани содржини