НАЈБАРАНИОТ ТЕРОРИСТА БАРА МИЛОСТ ПРЕД ФРАНЦУСКИОТ СУД Чакал побара намалување на доживотната казна
Самопрогласениот „професионален револуционер“, чие вистинско име е Илиќ Рамирез Санчез, е во затвор во Франција, откако специјалните сили на земјата го уапсиле во суданскиот главен град Картум во 1994 година, а сега неговото барање од францускиот суд е да се намали доживотната казна,
Карлос Чакал (71), екстремист кој организирал терористички напади ширум светот во седумдесеттите и осумдесеттите години, побарал пред францускиот суд намалување на доживотната казна што му е изречена за крвавиот гранатен напад во Париз во 1974 година.
Самопрогласениот „професионален револуционер“, чие вистинско име е Илиќ Рамирез Санчез, е во затвор во Франција, откако специјалните сили на земјата го уапсиле во суданскиот главен град Картум во 1994 година, пренесува Ројтерс.
Тој e прогласен за виновен за смртоносен напад на продавница на Елисејските полиња во Париз, во кој две лица загинале, а 36 биле повредени.
Одлуката на судот се очекува во петок.
Рамирез, роден во Венецуела, веќе отслужува уште две доживотни затворски казни за кои жалбата е одбиена.
Едната од тие казни се однесува на убиството на двајца полицајци во јуни 1975 година, а другата за нападите врз возот и железничката станица и улицата во Париз во 1982 и 1983 година, кога загинале 11 лица, а 150 биле повредени.
Во 1970 -тите и 1980 -тите, Чакал станал „непријател број еден“ за западните влади и најбараниот човек во светот.
Прекарот „Чакал“ го добил откако медиумите ја снимиле книгата „Ден на чакалот“ од Фредерик Форсајт во неговиот стан.