НА 8 МАЈ ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СИТЕ НАС 100% победуваме, порача Пендаровски од Чучер Сандево

На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија, порача претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски од Чучер Сандево.

184

На 8 мај е загарантирана двојната победа, порача претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски во обраќањето пред жителите на општина Чучер Сандево.

– 100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија – истакна Пендаровски.






Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок.

– Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане – потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци.

Поврзани содржини