МВР да утврди одговорност за литијата во Струга и за прославата на Денот на полицијата

Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите. 

402

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославатаа организирана од МВР по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите. 

Поврзани содржини