Мурињо: Жал ми е за тоа што му се случи на Лампард
Вчера, Челзи му врачи отказ на Лампард поради незадоволителни резултати. Англичанецот ги предводеше „сините“ од летото 2019 година.
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше отпуштањето на Френк Лампард од Челзи.
– Не мислам дека Френк би сакал да разговара со мене или со некој друг, освен со неговиот близок круг на семејство и пријатели. Сепак, секогаш е тажно кога некој колега ќе ја изгуби работата, а Френк не е само колега за мене. Тој е важна личност во мојата кариера, па жал ми е што му се случи тоа – изјави Мурињо за „Гол“.
Вчера, Челзи му врачи отказ на Лампард поради незадоволителни резултати. Англичанецот ги предводеше „сините“ од летото 2019 година.
Клубот во моментов е рангиран на 9. место во Премиер лигата со 29 бода.