Мурињо пораснал 5 сантиметри во Скопје, цел свет ни се смее за стативите (ФОТО)

3,309

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ја посрамоти Македонија откако сподели на својот профил на Инстаграм дека рамката на еден од головите на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје е пониска за 5 сантиметри од официјалните димензии.

Веста брзо ја објавија светските медиуми, со оглед на тоа што кормиларот на Тотенхем има 200.000 следбеници на Инстаграм. Нему прво му се пожалил голманот Хуго Лорис, а потоа Португалецот пријавил кај делегатот на натпреварот од УЕФА.






Мурињо се пошегува дека прво помислил дека пораснал за 5 сантиметри, а голот беше променет пред мечот со Шкендија во Скопје.

Поврзани содржини