Муцунски: Заев денес имаше апстрактна изјава дека не преговара за јазикот и за идентитетот, но во Преспанскиот договор ги погази националните интереси

Тој  кажа дека дури Заев посегна да се брусат и шахти за да се исполнат точките од Преспанскиот договор, поради тоа во  политичари како што e Заев не верува бидејќи тој еднаш се одрекнал од сѐ македонско.

1,821

Заев денес говори дека нема да преговара за јазикот и идентитетот, а истиот премиер ги погази националните интереси со потпишување на Преспанскиот договор, рече Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на„ 24 анализа“.

– Јас сега ќе потсетам дека ние како политичка партија многу подолг период алармиравме за потребата од антиципирање на овие позиции на Република Бугарија, тогаш ако се сеќавам добро лани во мај или јуни јас лично бев обвинет од Центарот за комуникации на СДСМ дека ширам лажни вести, по однос на таквото предупредување сега излегува дека некој друг ширел лажни вести –  рече Муцунски.






Муцунски посочи дека денес имаше една апстрактна изјава од страна на премиерот дека Македонија не преговара за јазикот и за идентитетот.

– Но, овој спор којшто е наметнат од Бугарија, којшто е противправен, којшто е нерационален, којшто е навредлив има четири аспекти, јазикот, идентитетот, историјата како клучен аспект на идентитетот и една тема за којашто сите ја запоставуваат за да зборуваат, а тоа е заштитата на националните малцинства. За заштита на националните малцинства не видов ниту еден коментар. Принуден сум да цитирам една изјава на премиерот Заев, дадена во „Катимерини“ пред неколку дена во којашто вели: „Да ја одредуваш историјата на друга нација во 21 век не е во согласност со европскиот дух бидејќи треба заедно да градиме иднина, како и дека за Македонија со придавката, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја и било какви интервенција во македонскиот идентитет е неприфатливо“. Но, доколку е така како што тоа го кажува премиерот Заев во изјава од пред неколку дена ајде да се потсетиме на содржината на Преспанскиот договор, којшто експлицитно во својата содржина има откажување од историја, има откажување од национални малцинства, има ред низа последици низ нашиот институционален систем –  потсети Муцунски.

Тој  кажа дека дури Заев посегна да се брусат и шахти за да се исполнат точките од Преспанскиот договор, поради тоа во  политичари како што e Заев не верува бидејќи тој еднаш се одрекнал од сѐ македонско.

– Техничката Влада на Бугарија нема да оди спротивно од Декларацијата на бугарскиот Парламент којшто воспоставува многу кристални национални црвени линии. Ајде да си ја поставиме дилемата, ако сите се согласуваме, дека не преговараме за идентитет, не преговараме за јазик, не преговараме за историја, не преговараме за национални малцинства патем не ни смееме по меѓународното право, но ако сите тука се согласуваме дајте и нашата држава Република Македонија да воспостави национални црвени линии во Парламентот“, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека така ќе бидат полесни позициите на Македонија во надворешната политика, ако се исцртаат црвените линии, дека преговори по одредени прашања не треба да има.

– Премиерот среде кампањи и среде Брисел да потсетам кажува дека нема да промени уставно име, но го промени уставното име. Има кажувано дека нема да преговара по одредени прашања, не само што преговара туку потпишувал и меѓународни договори коишто потоа ги ратификуваше Собранието, токму за такви прашања за коишто истиот кажувал дека нема да преговара. Јас и верувам на праксата, јас не можам да верувам на зборовите на некој којшто многу често си ги погазувал зборовите –  потсети Муцунски.

Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара седница на којашто ќе се разговара за барањата коишто ги има доставено Бугарија, но власта не прави кворум, и седницата не може да се одржи.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини