Муцунски: Одлагањето на пописот е победа на граѓаните, а на дијапсората може да се прави само евиденција
Откако согледаа каква е ситуацијата, каков хаос е во државава сфатија дека без дијалог со најголемата партија не можат да ги решаваат проблемите - кажа Муцунски.
Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа рече дека е добро што дојде до договор за пописот.
– Одлагањето на пописот е триумф на граѓаните. Тие дадоа поддршка и излегоа повеќе од 100 илјади граѓани и се потпишаа за одлагање. Одложувањето само значи дека нема да има дополнителнио проблеми, бидејќи епидемиолошката слика е лоша – рече Муцунски.
Тој укажа дека власта конечно виде дека не може сама за вака клучни теми.
– Откако согледаа каква е ситуацијата, каков хаос е во државава сфатија дека без дијалог со најголемата партија не можат да ги решаваат проблемите – кажа Муцунски.
Меѓународниот секретар рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е партија која блокира процеси од државен интерес.
Муцунски се осврна и на фингерпринтот за кој рече дека е неоходен за да се избегнат злоупотреби.
– Ова е начин да се спречи изборна кражба и измама – рече Муцунски.
Според Муцунски она што е клучно е, да има попис, ама кога има услови, за да биде процесот кредибилен.
Кредибилен ќе биде пописот на резидентно население. Ова што се прави со дијапсората е само евиденција – вели Муцунски.
Тој се осврна и на сликата од викендов кога река народ одеше во Србија за вакцинација.
– Таа слика ја опишува сликата на владеење на СДСМ и ДУИ. Тоа ја покажа целата нивна неспособност. Дебакл е премал збор за тоа што се случуваше викендов – вели Муцунски.