МУ ВРЗАЛА БЛОКОВИ И ГО ФРЛИЛА ВО РЕКА Поради момчето го убила синот и заедно се ослободиле од него

Мајката Британи се соочи со вкупно 16 обвиненија, вклучително и киднапирање, откако властите соопштија дека таа признала дека ги напуштила својот син и неговите брат и сестра, на возраст од седум и девет години, пренесува Њујорк пост.

1,133

Британи Госни (29) од Мидлтаун, Охајо, САД, е обвинета дека ги оставила своите три деца во паркот, а потоа убила едно од нив додека очајно се обидувало да се врати во автомобилот.

Во понеделникот, таа се изјасни за виновна за убиството на нејзиниот шестгодишен син Џејмс Хачинсон и за две сериозни дела за загрозување на децата што се случија во февруари оваа година.






Таа првично тврдеше дека не им направила ништо на своите деца, за подоцна да се правда на менталното растројство, но неодамна беше утврдено дека сепак може да и се суди.

Таа се соочи со вкупно 16 обвиненија, вклучително и киднапирање, откако властите соопштија дека таа признала дека ги напуштила својот син и неговите брат и сестра, на возраст од седум и девет години, пренесува Њујорк пост.

Според полициските извештаи, малиот Џејмс ја фатил рачката на автомобилот кога сфатил дека мајка му ќе го остави во паркот со брат му и сестра му, но тој паднал додека Британи ја затресела вратата и го удрила, а во таа прилика тој незгодно паднал на главата и починал на лице место.

Според судските документи, таа потоа се вратила дома, каде што таа и нејзиниот партнер Џејмс Хамилтон (43) прво го чувале телото на детето два дена во спалната соба, пред да го фрлат во реката.

 

Во судските документи се наведува дека тие пред да го фрлат во реката, му ставиле бетонски блокови на нозете.

– Таа немаше друг избор освен да ја признае вината, кога е одговорна за главното обвинение, најмногу што обвинетиот може да направи е да се изјасни за виновен и дека сторил кривично дело. Тоа е правдата за ова дете – изјави обвинителот Мајк Гмосер по нејзиното признание за тоа што го направила.

Таа потоа се бранела дека нејзиниот партнер ја натерал да се ослободи од децата ако сака да остане со него.

На Британи и се заканува доживотна казна затвор, а таа треба да биде осудена на 13 септември.

Во меѓувреме, Хамилтон се соочува со обвиненија за киднапирање и груба злоупотреба на телото. Накратко се појави на суд и рече дека не е виновен.

Поврзани содржини