МУ НАШЛЕ ЗОЉА, БОМБИ, КАЛАШНИКОВ, ПИШТОЛИ, МУНИЦИЈА! Косовец сместен во Кондово дома имал цел арсенал

Извршени се претреси во домот на Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) која живеела во Скопје.

673

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, денеска (недела) извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.






Поврзани содржини