МУ НАШЛЕ СПИСОЦИ СО ДОЛЖНИЦИ И ТЕТРАТКИ СО ПОДАТОЦИ Уапсен лихвар во Куманово

При претрес во домот на Т.А.(55), извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени списоци со должници, тетратка со податоци од повеќе лица и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, соопшти полицијата.

2,970

Приведен е лихвар во Куманово, соопшти полицијата.

„На 17.5.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.А.(55) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело Лихварство, по член 260 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени списоци со должници, тетратка со податоци од повеќе лица и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.
Поврзани содржини