МУ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА Мотоциклист удри во пешак во Велес
Повредите кај 58-годишниот Т.А. биле констатирани во велешката Општа болница.
Во сообраќајна несреќа утрово во 4:55 часот на улица „Андон Шурков“ во Велес 24-годишниот мотоциклист Т.И со „пијаџо беверли“ удрил во 58-годишниот Т.А и му нанел тешки телесни повреди на главата, констатирани во велешката Општа болница, информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.