МПЦ со мобилна молитва против коронавирусот во Велес и Кавадарци ВИДЕО
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледа, како свештени лица од МПЦ качени во камионети служат молитви низ Велес и Кавадарци.
Со мобилна молитва во борба против коронавирусот во Велес. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледа, како свештени лица од МПЦ качени во камионети служат молитви низ Велес и Кавадарци. Засега, нема официјален став на МПЦ за ваквата пракса, која изненади многумина и предизвика лавина од реакции на граѓаните, јави КАНАЛ 5 телевизија.