МОСТОТ БЕЛАСИЦА ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ Се проверува неговата стабилност

Мостот кој беше оштетен во пожар во мај минатата година, денеска повторно беше затворен за сообраќај поради проверка на стибилноста.

1,875

Мостот Беласица кај Железничката станица во Скопје, од денеска повторно целосно е затворен за сообраќај поради проверка на неговата стабилност.

Мостот кој беше оштетен во пожар во мај минатата година, уште не е целосно пуштен во сообраќај.






Во септември беше овозможено минување  по една лента за лесни возила, откако Институтот за сеизмологија по извршената експертиза излезе со став дека ќе биде потребна полесна санација. Дел од експертите пак, сметаат дека е потребно посложено испитување на стабилноста.

Поради фреквентноста на потегот од Железничката и автобуската станица кон трговскиот центар Ист Гејт, оштетувањето на мостот и долгата санација предизвикуваат уште поголем сообраќаен метеж во главниот град.

Поврзани содржини