МОРА ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА ЗА ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ Муцунски очекува јасна поддршка од ЕУ за продолжување на процесот
Сакаме да разговараме со Бугарија, бидејќи мора да се најде решение за овој проблем, кој го блокира нашиот напредок кон ЕУ… Жалам што во последните недели, за возврат, не добивме добра доверба од бугарската страна дека можеме да најдеме рационално решение за ова билатерално прашање, кое во никој момент не може да ги загрози интересите во кои зборува и стои нашата Влада на овие позиции, изјави шефот на македонската дипломатија.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Брисел порача дека земјава очекува јасна поддршка од Европската унија за продолжување на процесот на европска интеграција и деблокирање на преговорите со Унијата.
Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на билатералните пречки кои го кочат напредокот на Северна Македонија.
– Ќе биде добра можност, пред сè, да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување со Западен Балкан. Ова е општата порака што ќе биде упатена, која е секогаш добредојдена и пренесува позитивен сигнал до регионот. Верувам дека лидерите од нашата страна на регионот и земјите од ЕУ ќе разговараат и за многу конкретни иницијативи што ги има ЕУ, во насока на она што се нарекува интеграција во неколку чекори… Сакаме да разговараме со Бугарија, бидејќи мора да се најде решение за овој проблем, кој го блокира нашиот напредок кон ЕУ… Жалам што во последните недели, за возврат, не добивме добра доверба од бугарската страна дека можеме да најдеме рационално решение за ова билатерално прашање, кое во никој момент не може да ги загрози интересите во кои зборува и стои нашата Влада на овие позиции – изјави Муцунски.