📷 📽️ МОНИКА ЛЕВИНСКИ, 27 ГОДИНИ ПО НАЈГОЛЕМИОТ СЕКС-СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА Нејзината афера со Бил Клинтон ја потресе Америка
„Убава жена“, „Вистинска инспирација“, „Помина низ пекол, храбра жена“, се само дел од коментарите оставени на каналот на шоуто на Јутјуб.
Нејзиното име се поврзува со најголемиот скандал од 90-тите, меѓу американскиот претседател Бил Клинтон и неа – Моника Левински, која сега е писателка и активистка, а има 51 година.
Поминаа 27 години откако јавноста дозна за аферата која го потресе светот, а Моника сега се појави во популарното шоу на Стивен Колбер. Зборуваше за речиси сите чувствителни теми, вклучувајќи ја и врската со Бил Клинтон и изјави дека не би сакала да постојат социјалните мрежи во тоа време.
View this post on Instagram
Гостувањето на Моника Левински привлече големо внимание, особено поради нејзиниот изглед, а многумина коментираа дека таа изгледа прекрасно речиси 30 години подоцна.
Тие, исто така, се восхитуваа на нејзината храброст да донесе сè до медиумите, нејзината искреност, сила и трансформација. „Убава жена“, „Вистинска инспирација“, „Помина низ пекол, храбра жена“, се само дел од коментарите оставени на каналот на шоуто на Јутјуб.
Моника Левински денес изгледа неверојатно, среќно, самоуверено и смело, а покрај тоа што е писателка и активистка која се залага за поддршка на жените кои доживеале злоупотреба, таа има и свој многу успешен подкаст „Reclaiming“.
Моника и Клинтон имаа афера во 1995 година, кога таа беше практикант во Белата куќа. Тоа траеше година и пол, а Клинтон долго време негираше дека има некаква врска со Моника Левински. Дури во 1988 година тој призна дека ја измамил јавноста и дека аферата постои и тоа на суд.
Денес, Левински е призната писателка и активистка, која активно се бори за правата на жените и еден од водечките гласови на движењето Ми-Ту (Ме-Тоо), но дури и сега, многумина ја паметат по нејзината сè уште жива мината контроверза.