МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата

МОН информира дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично.

280

Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година, реагира МОН по реакцијата на учениците дека во одделни училишта се наплаќа од 30 до 200 денари такса за свидетелствата

„Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично.
МОН потсетува дека, согласно Уставот како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование“, се наведува во образложнието на МОН..






Оттаму додаваат дека станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

Поврзани содржини