MOMЧЕ E ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ Се судриле автомобил „нисан“ и мотоцикл

Во полициската станица било пријавено дека на улицата Западен булевар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С., на возраст од 29 години, и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л., 20-годишно лице, двајцата од Кавадарци.

225

Со тешки телесни повреди се здобило младо лице по сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Кавадарци, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во полициската станица било пријавено дека на улицата Западен булевар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С., на возраст од 29 години, и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л., 20-годишно лице, двајцата од Кавадарци.






Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница – Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.

Поврзани содржини