МОДРИЌ СЕ СЕЛИ ВО МИЛАНО Идната недела ќе го облече црвено-црниот дрес
Модриќ треба да стави потпис на едногодишна соработка со Милан со опција договорот да биде продолжен за уште една година.
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ идната недела треба да стави потпис на договор со калчолигашот Милан, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите изври, 40-гдипниот Модриќ треба да пристигне на задолжителните медицински прегледи во Милано по завршување на обврските со хрватската репрезентација, која вечерва му гостува на Гибралтар, а на 9 јуни ја пречекува Чешка во рамки на мундијалските квалификации.
Модриќ треба да стави потпис на едногодишна соработка со Милан со опција договорот да биде продолжен за уште една година.
Годишната плата на Модриќ во италијанскиот гигант треба да изнесува пет милиони евра плус дополнителни бонуси.