МНОЗИНСТВОТО РОМАНЦИ, 55,8%, ВЕРУВААТ ДЕКА КОМУНИЗМОТ БИЛ ПРИЛИЧНО ДОБРА РАБОТА Расте носталгијата по режимот, се бара забрана на комунистичките симболи

Извршниот претседател на романскиот Институт за истражување на злосторствата на комунизмо ја повика власта во Романија итно да донесе закон со кој би се забраниле симболите на комунистичкиот режим, затоа што расте носталгијата за комунизмот, а тоа може да го дестабилизира општеството.

281

Извршниот претседател на романскиот Институт за истражување на злосторствата на комунизмот, Флорин-Данијел Сандру, ја повика владејачката коалиција во Романија итно да донесе закон со кој би се забраниле симболите на комунистичкиот режим, пренесе агенцијата „Аџерпрес“.

Сандру оцени дека, со оглед на растечката носталгија за комунизмот, потребни се законски мерки кои ќе ја спречат глорификацијата на тоталитарните идеологии.






Според анкета спроведена од Институтот, речиси 48 отсто од Романците сметаат дека животот под комунистичкиот режим бил подобар, додека 55,8 отсто веруваат дека тој режим бил „прилично добра работа“ за земјата.

Сандру предупреди на сериозните последици доколку ваков закон не се донесе навреме, велејќи дека тоа може да доведе до „рехабилитација“ на тоталитарните симболи и до дестабилизација на општеството.

Тој апелираше до политичките партии да реагираат брзо, со цел да го спречат ширењето на комунистички симболи во јавниот простор и да ги заштитат демократските вредности на Романија.

Поврзани содржини