ММФ ПРЕДВИДУВА МАКЕДОНИЈА ДО 2031 ГОДИНА ДА ЗАБЕЛЕЖИ СЕДМИ РАСТ ВО ЕВРОПА Се очекува македонската економија да расте со просечна стапка од 3%

Малта е на првата позиција според предвидениот раст од 3,96, а во првите 5 се најдоа и Косово со просечна стапка на раст од 4% , Украина (3,8), Србија (3,52%) и Молдавија (3,7%). Албанија е шеста (3,19%), а зад нас од регионот се Црна Гора и Босна и Херцеговина.

264

Според последната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за раст на европската економија до 2031, Македонија се најде на седмото место, пишува Euronews..

Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија e, далеку над растот што ќе го постигне економијата на Еврпската Унија и повеќето економии од состав на Унијата. Прогнозата за Германија на пример е 0,92%.






 

Анализата покажува дека помалите економии ќе забележат повисок раст од поголемиот дел од членките на ЕУ, а изненадува и тоа што Украина иако погодена од војна ќе има двојно повисок  раст од Унијата.

Малта, според предвидениот раст од 3,96, е прва на скалата, а во првите 5 се најдоа и Косово со просечна стапка на раст од 4% , Украина (3,8), Србија (3,52%) и Молдавија (3,7%). Албанија е шеста (3,19%), а зад Македонија во првите 10 на табелата се Кипар, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

ММФ очекува високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност да го одржат растот на водечките земји во Европа далеку под историските норми во остатокот од деценијата.

Според прогнозата, еврозоната ќе бележи раст од  1,2% годишно во просек помеѓу 2027 и 2031 година, при што нејзината најсилна година, 2028 година ќе биде со раст од 1,4%.

Пошироката Европска Унија ќе има повисок раст 1,4% годишно, повторно достигнувајќи врв во 2028 година од 1,6%.

Светската економија, според прогнозата ќе расте со стапка од 3,2% годишно во истиот период, Притоа азиските земји  ќе растат со стапка од  4,6% годишно, а Индија за 6,5%, додека дури и подсахарска Африка е на добар пат да порасне за 4,6%.

Поврзани содржини