📽️ МЛАДИ КИЧЕВЧАНИ ЗАГИНАА КАЈ БОТУН Познат идентитетот на двете лица што утрово излетаа од патот
На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавниот обвинител, врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за оваа трагедија.
Два млади животи згаснаа во страшната сообраќајка кај селото Ботун, општина Дебарца. Во возилото кое излетало од патот биле возачот Ф.К. (22) и неговата сопатничка Е.С. (21).
Според информациите на СВР Охрид, несреќата била пријавена на 29 ноември 2024 година, во 07:21 часот. Патничкиот автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски таблички излетал од патот, при што возачот и неговата сопатничка починале на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.