МЛАДА ВОЗАЧКА ПРЕГАЗИЛА 7-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО КУМАНОВО Детето со тешки повреди е пренесено во Клиничкиот центар
Сообраќајната несреќа се случила на булеварот Октомвриска револуција во центарот на Куманово.
Тешка сообраќајна несреќа во која е повредено дете се случила синоќа во центарот на Куманово.
„На 5.2.2026 околу 19 часот во СВР Куманово е пријавено дека на булеварот Октомвриска револуција патничко возило фолксваген голф со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката. Повредите се констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти кумановската полиција.