Митко Јанчев ги посети дежурните служби, првото бебе во Кавадарци е женско

Во Регионалниот центар за гранични работи ,,Југ", на градоначалникот му било кажано дека е безбедна македонската граница на југ.

283

Со скромни подароци, тој им ги честиташе празниците и им се заблагодари на нивната посветеност во работата. Се интересираше за здравствената и безбедносната состојба и посака мир, здравје и среќа за сите. Оваа 2021 година, да биде многу подобра од годината на пандемија со Ковид-19.

Јанчев беше информиран дека новогодишната ноќ минала без проблеми, на терен се почитувале протоколите за заштита од коронавирус. Сите угостителски објекти го почитувале работното време. За безбедноста на терен се грижеле неколку полициски екипи. Во Регионалниот центар за гранични работи ,,Југ”, на градоначалникот му било кажано дека е безбедна македонската граница на југ.






Првороденото бебе во Новата 2021 е женско. Родено е неколку минути по полноќ во регионалната Општа болница со проширена дејност во Кавадарци. Бебето и мајката се во добра состојба.

Поврзани содржини