МИТЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВЕТИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ПЕТРОВЕЦ Културен дом, нова општинска зграда, детски градинки, спортска сала (ВИДЕО)
Во изминатиов период реализиравме голем број на проекти кои се значајни за вас мои сограѓани, но тука нема да застанеме. Со реализација продолжуваме и во следниот мандат, јас заедно со моите советници овде во дворот на општина Петровец ќе изградиме нов современ Културен дом. Исто така ќе изградиме и нова општинска зграда.
Ова го изјави Борче Митевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината Петровец.
– За потребите на учениците од населено место Огњанци ќе изградиме нова спортска сала, мислиме и за најмладите, најмилите, за дечињата од населеното место Ржаничино и од населеното место Долно Коњари ќе изградиме детски градинки. Продолжуваме да инвестираме на сите полиња, продолжуваме да го подобруваме животот во нашата општина – рече тој.