Мира Фурлан за причините за нејзиното заминување во Америка и за горкиот емигрантски живот

3,781

Славната хрватска актерка Мира Фурлан, која пред два дека почина во САД, се пресели во Америка среде бурни настани за време на распадот на Југославија. Јутарњи.хр пишува за околностите на нејзиното заминување.

На почетокот на деведесеттите години, поради нејзината љубов кон режисерот Горан Гајиќ, таа живеела на релација Загреб – Белград, што во тоа време беше најлошата можна комбинација. Многумина јавно ја осудувале за нејзиниот избор, па затоа, по сопствено признание, дури морала да побара помош од психијатар.






Како гостин во емисијата „Неделјом у 2“ во 2008 година, Мира Фурлан за тој период ќе рече:

– Ме линчуваа јавно. Луѓето покажуваа со прст кон мене. Ме нарекоа „шизоидна“ личност која не знае како да се однесува на мајчиниот погреб. Не заборавив затоа, што заборавањето не лекува рани. Морав да заминам за да се спасам.

Откако ќе ја изгуби работата во Хрватко народно казалиште (ХНК), но и станот што го наследи од нејзината баба, Мира Фурлан заминува во Америка со Горан на крајот на 1991 година и, како што вели, таму поминала вистинска емигрантска приказна.

– Отидовме во САД со парите што ги добивме од продажбата на автомобилот. Во сето ова се најдовме сосема сами. Во Њујорк нè пречека непријатна зима, една од најлошите. Немаше „Добредојдовте во Америка“. Не беше лесно, но успеавме. Направивме разни работи. Ја поминавме целата типична емигрантска приказна. Горан носеше фрижидери до шестиот кат во зградите во Њујорк, а јас пробував разни работни места. Емиграција значи „од некого до никого“, вие всушност го губите вашиот идентитет и тогаш треба полека да го создадете повторно – рече Фурлан.

Во САД, таа на крајот сепак успеа да му се врати во актерството.

Поврзани содржини