МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПОВЕЌЕ НЕ СЛУЖИ ЗА КОАЛИЦИСКИ ПАЗАР Сите општини сега имаат партнер во Владата
Општините добиваат поддршка без разлика од која партија се градоначалниците, новите законски измени воведуваат отчетност, транспарентност и дигитализираност, а советите и градоначалниците се рамо до рамо со граѓанитСе поддржуваат општините со финансиски средства, без разлика на тоа на која партиска, етничка или верска припадност припаѓаат градоначалниците. Новите законски измени, воведуваат отчетност, транспарентност и дигитализираност на локалните самоуправи. Советите и градоначалниците се рамо до рамо со граѓаните и реагираат на нивните потреби и барања, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Само една година беше доволна да се покаже како треба да се работи кога се во прашање локалните самоуправи. Една година јасна визија за тоа како треба да се постават темелите за квалитетни, урбани и модерни локални самоуправи, рече денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во минатото Министерството за локална самоуправа беше користено за задоволување на коалициски желби, за пополнување на дупките во општинските буџети и за давање на поддршка само на градоначалниците од редовите на СДСМ и на ДУИ, додаде тој.
– Сега веќе не е така. Општините имаат партнер во Владата и поддршка за реализација на проекти. Приоритетното предизборно ветување за 250 милиони евра за општините, се реализираше за само неколку месеци. Во двата повика досега, спроведени од Владата и од ресорното министерство, беа спроведени над 1.000 проекти, во вредност над 20 милијарди денари, капитални проекти за граѓаните. Се инвестира во делот на транспортот, животната средина, социјалната заштита, образованието, спортот итн – рече Манасиевски.
Конечно, се воведува ред и дисциплина, додаде тој.
– Се поддржуваат општините со финансиски средства, без разлика на тоа на која партиска, етничка или верска припадност припаѓаат градоначалниците. Новите законски измени воведуваат отчетност, транспарентност и дигитализираност на локалните самоуправи. Советите и градоначалниците се рамо до рамо со граѓаните и реагираат на нивните потреби и барања – рече Манасиевски.
Нашите ветувања стануваат реализација, додаде.
– Ние не ветувавме чуда, туку работа. Локалните самоуправи се директно поддржани и тоа нема да застане тука. За секој еден граѓанин, за секоја една општина. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија – рече Манасиевси.