Министерството за економија ќе ја обжали одлуката на Управен суд за „Иловица“

Министерот за економија Крешник Бектеши, тврди дека одземањето на концесијата било законско.

544

Министерството за економија ќе ја обжали одлуката на Управниот суд која се однесува на едностраното раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини во Иловица со Еуромакс, информира денеска министерот Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека ќе ја почитува одлуката на Управниот суд, но концесијата била законски одземена.






– Ќе ја почитуваме одлуката на Управниот суд за раскинување на концесијата со „Еуромакс“, но ќе ги користиме сите  правните можности за жалба, бидејќи процедурата за раскинување на договорот е законска – рече Бектеши.

Управниот суд на 31 март донесе пресуда за уважување на тужбата на компанијата „Еуромакс“ која требаше да гради рудник во селото Иловица.

Компанијата во октомври лани поднесе тужба до Управниот суд против решението донесено од Второстепената државна комисија, која ја одби жалбата на „Еуромакс“ која ја потврди одлуката на Министерството за економија за одземање на концесијата.

Владата донесе одлука за одземање на концесијата за  „Иловица“ со образложение дека „Еуромакс“ не ги доставил сите потребни документи за експлоатација согласно Законот за минерални суровини.

Поврзани содржини