МИНА РАЗНЕСЕ ПЛИВАЧ НА БРЕГОТ ВО ОДЕСА Семејството трча да го предупреди, но веќе е доцна (ВИДЕО)

Пливањето во овој дел од морето било забрането од украинските власти поради руската окупација, иако не е познато чија војска ги поставила мините.

1,233

Снимка од маж кој пливајќи во Црното Море кај украинскиот град Одеса бидува разнесен од мина во водата, а притоа неговото семејство трча да го предупреди, ги обиколи социјалните мрежи. Неговите останки подоцна биле однесени на брегот кајшто седеле сопругата, синот и пријател на човекот. Пливањето во овој дел од морето било забрането од украинските власти поради руската окупација, иако не е познато чија војска ги поставила мините.

 






„Денеска занемарувањето на безбедносните правила од страна на семејството од регионот Доњецк доведе до трагични последици. Додека пливале во морето во едно од селата во областа Одеса, експлозија на непознат предмет усмрти маж (50) пред неговите сопруга, син и пријател“, се вели во соопштението на полицијата на Одеса.

„Строгите забрани за посета на брегот и пливање во морето се безбедносни мерки кои се опасни по живот доколку се занемарат“, се додава во написот.

Поврзани содржини