Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на Твитер објави дека за лидерот на СДСМ Зоран Заев изборите се поважни од здравјето на граѓаните.
– За Д-р Караџовски статистиката стана поважна од струката, за Филипче PR-от стана побитен од пандемијата, за Заев корона-изборите станаа поважни од здравјето на граѓаните. Македонија остана единствена земја во регионот каде ризикот од ковид-19 се зголемува.
Време е за оставка, пишува Милошоски.
За Д-р Караџовски статистиката стана поважна од струката, за Филипче PR-от стана побитен од пандемијата, за Заев Корона-изборите станаа поважни од здравјето на граѓаните. Македонија остана единствена земја во регионот каде ризикот од #COVID19 се зголемува.
Време е за #оставка!— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) May 29, 2020