Милошоски: Трката по провизии била поважна од вакцини, Заев да каже која е фантомската фирма

Ниту „Синохидро“, ниту „Пауер Чајна“ се регистрирани во Хонг Конг. Ниту, пак истите важат за фантом фирми. Затоа прашањето до Заев и до Филипче е како ја одбрале фантом фирмата од Хонг Конг и зошто преку оваа фирма требало да оди набавката на вакцини, и дали била дадена банкарска гаранција, и дали постои преддоговор со Mинистерството за здравство, праша Милошоски.

648

Пратеникот Антонио Милошоски го повика премиерот Зоран Заев да каже која е фирмата во Хонг Конг, откако италијанскиот весник „Ла Верита“ во текст насловен „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот“ објави дека Кина го одбила македонскиот премиер за вакцини поради тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма која е наведена во сите официјални писма на министерот Венко Филипче до кинеската компанија Синофарм.

– Денес, за жал, дознаваме дека трката по провизии била побитна од набавката на вакцини. Она што се обиделе во текот 2020-та година декември да го направат Заев и Филипче со вакцините е наместо да следат регуларна процедура за набавка на вакцини преку државните канали, е да ангажираат фантом фирма со регистрирана своја компанија во Хонг Конг. Затоа нашето главно прашање е денес кое е името на фантом фирмата која што е регистрирана во Хонг Конг и како министерството за здравство ја одбрало токму оваа компанија за да посредува при набавката на кинески вакцини – праша Милошоски.






Весникот „Ла верита“ објави дека првиот пат Кина одбила соработка со Министерството за здравство и македонската Влада поради фактот што министерот за здравство побарал, како што рече Милошоски, таа набавка да биде преку сомнителна компанија.

– На прашање на новинарите денес премиерот Заев истакна дека таа приватна компанија била „Пауер Чајна“ односно „Синохидро“. Но според она што може да се види во регистарот на овие компании е дека ниту „Синохидро“, ниту „Пауер Чајна“ не се регистрирани во Хонг Конг. Ниту, пак истите важат за фантом фирми. Затоа прашањето до Заев и до Филипче е како ја одбрале фантом фирмата од Хонг Конг и зошто преку оваа фирма требало да оди набавката на вакцини, и дали била дадена банкарска гаранција, и дали постои преддоговор со министерството за здравство – праша Милошоски.

Она што е трагично во целата ситуација, додаде пратеникот, е што од декември 2020-тата година до денес поминати се речиси три месеци, во тие три месеци во Македонија немаме вакцини, имаме само зголемен број на заразени и за жал наши сограѓани кои што го изгубија животот во борбата со пандемијата.

– Затоа сметаме дека за ваквото однесување преку фантом фирми би требало да се одговара не само по однос на Кривичниот законик туку и по однос на ризикот во кој што се доведени граѓаните и јавното здравје со погрешно делување и не набавка на вакцини – рече Милошоски.

 

Поврзани содржини