Милошоски: Извештајот на Фридом Хаус е официјална потврда дека ЈО е под контрола на Заев и врши политички диктати

393

Денес би сакал да кажам неколку поенти поврзани со извештајот на Фридом Хаус кој што ја опишува ситуацијата во Република Македонија како прилично алармантна, особено во делот на корупцијата и на политичкото влијание на власта врз клучните институции како што се судството и обвинителството. Преку извештајот на Фридом Хаус македонската јавност за жал посведочи дека денешниот развој ан настаните во обвинителството е многу полош од претходните години, рече на прес конференција Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Политичкото мешање во работата на јавното обвинителство е еден од најголемите проблеми кој што Македонија го има за да се справи против борбата со криминалот и корупцијата. Обвинителството на Јовевски и на Вилма сега и со меѓународен извештај се потврди дека е политичко обвинителство кое што спроведува селективна правда и селективни закони. Политичката монтажа за 27 април, прогонот на политички неистомисленици најчесто од опозицијата и многу невини луѓе во затвор, а многу осудени затвореници на слобода, како што е убиецот на Мартин Нешковски и други покажуваат дека политиката длабоко замешала прсти во судството, обвинителството и во установите кои што ги спроведуваат судските пресуди – вели Милошоски.






Според него, во изминативе 3 години, ниту еден криминалец особено ако е од редовите на власта не одговараше, напротив тие станаа први другари со Заев и неговиот потесен круг. Oвој меѓународен документ на Фридом Хаус уште еднаш потврдува дека изминатите три години имаме монтирани случаи, дури и кога се одговора сетете се на градоначалниците Боро Малборо и Курто Дудуш и ќе ви стане јасно дека политиката е посилна од обвинителството и судовите.

– Ова е официјална потврда дека клучниот елемент кој што ја очекува Македонија при можните идни преговори со ЕУ, владеење на правото во Македонија е сериозно загрозен. Дополнително корупцијата останува голем и сериозен проблем особено неказнивоста по однос на корупцијата на високи владини функционери, многу медиуми, новинари, па и политички опоненти открија неколку крупни афера но за жал за ниедна од нив немаме ниту обвинителска, ниту пак судска разрешница. Последен пример за  поткуп и за предизборна корупција се пакетите коишто Заев и неговите најблиски соработници ги делат на посиромашни семејства нудејќи им пакет прехранбени продукти во замена за избирачки глас, што е одлика на Заев во Струмица, но за жал ја спроведува на територија на цела Република Македонија – рече Милошоски.

 

 

Поврзани содржини