МИЛАН ЗАПОЧНА ЛОШО, НО ПОБЕДИ Три бода за „росонерите“ на стартот од Серија А

Натпреварот имаше шокантен почеток за домаќините, откако водство за гостите донесе Родриго Бекао уште во 2 минута.

117

Милан триумфално ја започна новата сезона во Италијанското фудбалско првенство, откако на стартот од новата сезона го совлада Удинезе со 4-2.

Натпреварот имаше шокантен почеток за домаќините, откако водство за гостите донесе Родриго Бекао уште во 2 минута. За кратко Тео Хернандез од пенал ги врати „росонерите“ во игра, иразманувајќи на 1-1 во 11. минута.






Следен во листата на стрелци беше Анте Ребиќ, кој направи брз пресврт во 15. минута за 2-1. Пред крајот на првото полувреме проблеми на Милан создаде Адам Масина, успевајќи во 45+3. минута да изеднчи на 2-2, резутлат со кој се замина на пауза.

Брахим Дијаз со гол во 46. минута го отвори вториот дел од овој двобој, па на својот тим му донесе предност по вторпат на овој меч, 3-2. Конечните 4-2 ги постави Анте Ребиќ во 68. минута. На овој натпревар шанса не доби македонскиот офанзивец Илија Несторовски.

Поврзани содржини