МИГРАНТКА ПРОНАЈДЕНА ВО БЕССОЗНАНИЕ КАЈ БОГОРОДИЦА Полицијата спаси четири Кинезинки, едната заврши во болница

Со Ауди А4 на нелегален начин сакал да влезе во државата, откако возачот побегнал, полицијата го пронајде возилото во кое имало 4 жени од Кина.

302

Четири мигрантки од Кина, меѓу кои и една во тешка здравствена состојба, беа пронајдени синоќа во близина на граничниот премин Богородица, откако се обиделе нелегално да влезат во земјава со патничко возило Ауди А4 со швајцарски таблички.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 12 мај 2025 година во 20:15 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале неколку лица како влегуваат во возилото. Возачот одбил да застане на дадениот знак за запирање и се обидел да избега, но возилото било лоцирано неколку минути подоцна.






„Во 20:20 часот возилото беше пронајдено, а во негова близина беа лоцирани четири женски лица – мигрантки од Кина. Едната од нив беше во бессознание и итно беше пренесена во болницата во Гевгелија, каде што ѝ беше укажана медицинска помош“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Трите останати мигрантки се сместени во Прифатно–транзитниот центар, додека полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. За настанот бил известен и јавен обвинител.

Поврзани содржини