Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција за аферата „Мафија“зборуваше и за останатите афери и истраги за кои власта ветувала дека ќе бидат разрешени и откриени сторителите на криминалот.
– Ако ја спроедувале истрагата требало да ја спроведат. Дај боже ние да ги саботираме и да ги инспирираме да работат, ама треба да почнат од себе, а не од службеникот кој зема отисок и тој што фотографира. Во оваа држава мафијата има своја држава и колку повеќе ние ги саботираме, толку подобро, да не беше брифингот на ВМРО-ДПМНЕ немаше да се разбудат од зимскиот сон – рече Мицкоски забележувајќи дека и многу други афери и истраги од претходно останале нерешени.
Мицкоски истакна дека колку погласна и поупорна е ВМРО-ДПМНЕ со ваквите иронично кажано саботажи, толку побргу правото и правната држава ќе владеат, а криминалците ќе бидат зад решетки и ќе сносат одговорност за тоа што го направиле.
– Да не се лажеме, криминалот е во врвот на власта. Колку побрзо расчистиме со овие луѓе, толку побрзо ќе имаме правна држава. Се останато е растурање пердуви и приказни за мали деца – рече Мицкоски потенцирајќи дека нема разрешница за прислушуваните разговори на јавните обвинители и судии, како и дека беше пробиена акцијата „Планина“
-Три години помина од прислушувањето на обвинителите и судиите, „Планина“ стана мала висорамнина, тврдеа дека не знам што правеле, а излезе дека си играле џамлии и ги вознемирувале луѓето. Да не се лажеме, криминалот е во врвот на власта – рече Мицкоски.