Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 2,5 милијарди денари годишно во образованието, науката и спортот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во економијата ќе има рамен данок од 8 % најнизок во Европа за сите оние кои што ќе вработат млад човек до 29 години нема данок, но и инвестиции 0 данок ...
Заев и коалицијата СДСМ – Беса не нудат ништо освен порази, криминал и корупција и единствено на што се подготвени е да тргуваат со националното достоинство и со честа со угледот на луѓето, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета во Виница.
– Ја промовираат нивната парола можеле. Можат да повеќе и подобро да лажат, повеќе и подобро да крадат, можат повеќе и подобро да ја веднат кичмата, да не засрамуваат и пљачкосуваат, повеќе Луј Витон куферчиња да складираат таму во еден ресторан во југоситочна Македонија. Но, ние тоа нема да им го дозволиме. Победува обновата – рече Мицкоски.
Тој додаде дека токму затоа по 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како може за само шест месеци за секој за кој што постои основано сомнение за криминал, дали бил дел од СДСМ, дали бил дел од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса политички определен или неопределен да ја дочека правдата пред сопствената врата.
– Јас ви ветувам правда без исклучок почитување на законите заврши времето на политичките деспоти. Нема да биде политичар привилегирана каста. Помина времето на политички мочуришта и неуспеси. Доаѓа времето кога Македонија се исправа. Доста беше чувството на граѓани од втор ред. Ќе има минимум 25 % поголема плата во еден четиригодишен мандат ќе има минимум 20 % повисоки пензии за пензионерите, минимум 1000 километри локални и регионални реконструирани патни правци -рече тој.
Мицкоски истакна дека во Проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на термо енергетски фасади за граѓаните кои што половина ќе ги прати државата, бесплатен приклучок за гас за секое семејство за поздрава животна средина, но и најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден мандат и загарантиран откуп.
– Ќе има за секого по нешто. Реновирана болница, културен дом, училишта, еден денар во културата најмалку 800 милиони денари годишно од оние три денари акциза која што ги наметна оваа репресионистичка власт ќе бидат наменети за културата. 800 милиони денари за образованието 800 милиони денари годишно за спортот 2,5 милијарди денари за ова свето тројство образование наука и спорт годишно. Не парите во буџетот, а потоа во тендерите во четири очи. Во овие 360 страници ќе наидете на многу реконструирани канали за наводнување на нашите ниви, но и ќе наидете на нешто што ќе го врати нашето достоинство – рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во економијата ќе има рамен данок од 8 % најнизок во Европа за сите оние кои што ќе вработат млад човек до 29 години нема данок, но и инвестиции 0 данок , реиндустијализација , лекција по тоа како се носат инвестиции и подобро здравство во кое ќе се вложува во медицинските лица и здравство ориентирано кон пациентот.
Мицкоски ги повика виничани на 15 јули да излезат масовно и да ја поддржат листата на ВМРО-ДПМНЕ која во нивната единица ја предводи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.