Мицкоски: Три години од сликата во авиончето, ниту датум, ниту преговори, само нови капитулантски договори ВИДЕО

Мицкоски изрази надеж дека министерот за надворешни работи  Бујар Османи нема да се премисли и дека утре ќе дојде во парламентот и пред пратениците отворено ќе зборува за тоа за што преговара.

498

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестите пред МНР вели дека петти ден протестираат за да се дознае за што преговара двоецот Заев-Бучковски.Според него,  во јавноста има една општа конфузија за тоа што преговара двоецот, а е многу значајно затоа што од информациите кои ги добиваат од дипломатски извори од Брисел, но и од официјална Софија, тие преговараат за сè она за кое велат дека не преговараат. А тоа се идентитетот, културата, посебноста, јазикот, наследството, антифашистичката борба, сето она за коешто велат дека не преговараат.

– И многу е важно јавноста да ја знае вистината, бидејќи некако во јавноста се одомаши зборот нов договор со Бугарија, односно со Софија. Јас не знам навистина до кога е потребно Зоран Заев да потпишува капитулантски договори на штета на македонскиот народ, на штета на македонскиот идентитет, но едно е јасно дека ниту тоа што до сега го работеше, ниту тоа што во иднина ќе го работи, а колку е пократка таа иднина толку ќе биде подобро за македонскиот народ и македонската држава. Нема да донесе подобри денови, нема да донесе европерспектива, нема да донесе подобар стандард, ниту повисока плата, поевтина електрична енергија, помалку корупција и криминал, многу повеќе луѓе спасени од ковид пандемија, многу подобри услови во образованието, во здравството, едноставно тоа го можат нови политичари кои немаат концесија, луѓе коишто знаат како треба да се справат вистински со проблемите. Тоа не е двоецот Заев-Бучковски, за нив наједноставно е да потпишуваат капитулација мислејќи дека на тој начин ќе си обезбедат слобода и подолга политичка кариера – изјави Мицкоски.






Тој ги повика Заев и Бучковски да кажат за што преговараат. Мицкоски изрази надеж дека министерот за надворешни работи  Бујар Османи нема да се премисли и дека утре ќе дојде во парламентот и пред пратениците отворено ќе зборува за тоа за што преговара, но без празни флоскули, дланката на срце, колку се тие погодени, колку се сите разочарани, тоа не треба народот да го знае.

– Тоа го знаеме. Народот знае дека не ги бидува, бидејќи денеска требаше да биде третата годишнина од првиот датум којшто го добивме, со онаа позната слика во авиончето. Но за жал, три години подоцна ниту датум, ниту почеток на преговори со Европската унија, а полноправно членство во Европската унија е сè уште далечна и неостварлива цел од оваа денешна појдовна точка. Така што се надевам дека ќе останат барем еднаш на зборот и отворено ќе зборуваат пред македонската јавност и пред граѓаните чиишто пари ги трошат најпрвин гледајќи фудбалски натпревари со службениот владин авион, а потоа шетајќи на фотосесии низ Брисел. Тоа што го донесоа е само срам и капитулација – смета Мицкоски.

Поврзани содржини