МИЦКОСКИ СО ПОНУДА ДО КОВАЧЕВСКИ Ајде на брзи избори без техничка влада! Да имаме една изборна единицa

За се сум подготвен да зборуваме, само да дојдам до целта, а целта е како граѓаните да добијат влада која ќе спроведе квалитетни реформи – изјави лидерот на опозицијата.

1,974

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека е подготвен да разговара за измени во Изборниот законик во однос на техничката влада, како и една изборна единица се со цел да се дојде до предвремени парламентарни избори, а граѓаните да добијат влада којашто ќе спроведува квалитетни реформи.

– Ајде луѓе да одиме на предвремени избори затоа што мислиме дека е потребно цврсто владино мнозинство, мнозинство коешто ќе биде отпорно на уцени, мнозинство коешто ќе може да ги спроведе реформите, економски политики, реформи во правосудниот сектор итн. Јас сум апсолутно свесен дека тоа во овој момент ниту за Ковачевски, ниту за луѓето околу него не е прифатливо, немојте да мислите дека јас живеам во некој паралелен свет и се надевам имам надеж дека тие наеднаш ќе седнат и ќе речат ајде да одиме на предвремени парламентарни изброи. Затоа дури сум подготвен да понудам тоа што го зборувавме и со Зоран Заев на времето, да интервенираме во Изборниот законик да го избришеме делот со техничка влада. Не мора да има повеќе техничка влада и тоа сум подготвен да седнам и да разговарам ако им пречи техничката влада за да прифатат предвремени избори, а водено да го скратиме рокот за кампања, наместо тие 100 дена да бидат они Уставни 45 до 60. И сето тоа во насока на тоа да добијат граѓаните поефикасна влада и ќе има влада со поддршка од народот за да може да ги спроведе политиките со кои ќе излезе пред народот – рече Мицкоски.






Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече доколку е проблем техничката влада и времетраењето да интервенираат и да се тргне таа техничка влада.

– Подготвен сум да зборувам и за една изборна единица ова што го велат помалите политички партии коешто им е алиби да ја поддржуваат владата на ДУИ и којашто ја администрира Ковачевски. Ајде и за тоа да зборуваме, подготвен сум и за тоа да зборуваме. За се сум подготвен да зборуваме, само да дојдам до целта, а целта е како граѓаните да добијат влада која ќе спроведе квалитетни реформи – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини