Мицкоски се сретна со Вархеји: Власта не знае да се справи со ковид-19

350

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со комесарот за соседство и проширување на Европската унија – Оливер Вархеји на која разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во земјава.

Мицкоски на средбата се осврна и на извештајот и документот кој што вчера Европската комисија го објави.






„Мицкоски искажа загриженост во однос на извештајот на Европската комисија за слабостите и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Мицкоски укажа на слабостите и недоволното справување со корупцијата која е распространета во сите области.Претседателот Мицкоски искажа загриженост и за злоупотребата на носење на закони по скартена постапка со европско знаменце како и слабиот напредок во подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загаденоста. Мицкоски на средбата истакна дека опозицијата и во минатото укажуваше дека европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати како за носење закони за фабрики за марихуана, како и за закони за правосудството“, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со ковид-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Тој посочи дека во врска со пандемијата не се превзема ништо и како на здравствен така и на економски план.

Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.

На средбата, разменети беа и мислења за актуелните случувања и состојби во регионот.

Поврзани содржини