Мицкоски: Поддржуваме изградба на Клинички центар, но само со дисперзиран проект

Нема да ви дозволиме со 3 страни предлог закон кој ќе го измени законот за јавни набавки да потрошите најмалку половина милијарда пари на граѓаните со спогодба во четири очи, нема да ви дозволиме да потрошите најмалку два до три пати повеќе пари на граѓаните за нешто што може да чини два ипол до три пати.

389

Ако некој мисли дека ќе потроши најмалку половина милијарда пари на граѓаните преку три страни предлог закон за измени за законот за јавни набавки со којшто ќе му се овозможи на премиерот на најкорумпираната Влада во Европа во непосредна спогодба во четири очи да го потпише тој закон со некоја фирма, не е битно која и дека ВМРО-ДПМНЕ за тоа ќе се сложи, се лажат и ако мисли дека како советник на министерот во минатото се согласил на клинички центар Мајка Тереза, а сега како министер е за ваков проект дека ќе направи пресврт во јавното мислење, мислам дека се лажат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изградбата за клинички центар.

– Би го советувал да не се препелка затоа што не само што губи политички поени туку губи и како човек, како доктор, затоа што и дел за жал од најкорумпираната и најкриминалната влада во Европа – истакна тој.






Мицкоски е дециден, нагласувајќи дека нема да поддржи проект од три страни кој што ќе ги чини граѓаните најмалку два до три пати повеќе, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува изградба на Клинички центар но само со дисперзиран проект направен преку транспарентна методологија и постапка која што ќе биде на увид на граѓаните, а не ваков каков што власта се обидува да го изгради.

– Ние велиме вака, нема да ви дозволиме со 3 страни предлог закон кој ќе го измени законот за јавни набавки да потрошите најмалку половина милијарда пари на граѓаните со спогодба во четири очи, нема да ви дозволиме да потрошите најмалку два до три пати повеќе пари на граѓаните за нешто што може да чини два ипол до три пати. Во ред, ве разбирам крадете многу, многу лажете, не ве бива да реализирате проекти ги разбирам овие од владата, сето тоа можам да го разберам а граѓаните на избори ќе го кажат последниот збор, но наша задача и обврска како опозиција  тоа што можеме да го преземеме  и да ги одбраниме интересите на граѓаните да го направиме тоа – дециден е Мицкоски.

 

Поврзани содржини