Мицкоски побара итна оставка од Владата по бегството на Мијалков
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара итна оставка од Владата откако полицијата вчера не успеа да го пронајде екс директорот на УБК Сашо Мијалков за да му врачи решение за куќен притвор во предметот „Таргет-Тврдина“ за кој се очекува пресуда в петок, на 26 февруари.

„Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија. Оставка на Владата веднаш!“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој го цитира и својот говор во кој најавува дека доаѓа „ураганот од народ“.
„Cите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО, си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста. Ви кажувам, сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан. Доста е“, напиша Мицкоски на Фејсбук.