МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА КОВАЧЕВСКИ ДА ГО ПОКАНИ ЗА СРЕДБА Од понеделник опозицијата ќе поднесе закон за укинување на техничката влада
Лидерот на опозицијата истакна дека од понеделник преку Собранието партијата ќе поднесе закон за укинување на техничката влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица, па доколку сака Ковачевски да владее 12 години прво треба да победи на избори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека сѐ уште очекува покана од него за средба.
Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори.
Според него, има десетици причини за предвремени парламенатрни избори.
– Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока – изјави Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.
Лидерот на опозицијата истакна дека од понеделник преку Собранието партијата ќе поднесе закон за укинување на техничката влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица, па доколку сака Ковачевски да владее 12 години прво треба да победи на избори.
– Ќе поднесеме закон кој е веќе подготвен за измени на Законот за Влада, во којшто велиме дека е потребно да се избрише тоа коешто до сега го третираше техничката влада, нека се охрабрат еве Оливер Спасовски нели му го држи стравот на моменталниот премиер, ајде да излеземе на парламентарни избори еве вчера вели дека ќе владеел 12 години, ќе бил премиер кој ќе владее 12 години еве можност во скратен рок 45 до 60 дена да излеземе на предвремени парламентарни избори – порача Мицкоски.
Мицкоски истакна дека треба да се види што мислат граѓаните, дали мислат дека Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Али Ахмети можат да ја водат државата или треба некоја друга политичка партија и некои други луѓе да ја водат Владата.
– Неодговорно е ако молчат, неодговорно е и Маја Морачанин, Павле Трајанов, Љупчо Ѓеоргиевски и Горан Милевски да поддржуват влада којашто е спротивно на желбата на мнозинската заедница во Македонија која политички дава поддршка на друга опција, затоа велам еве ги сите измени на маса, гласајте ги имате можност да одлучувате дали ќе бидете таму каде што сте 12 години или ќе заминете веднаш по тие парламентарни избори – вели Мицкоски.
Мицкоски исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара и за промена на Изборниот законик, односно за отворени преференцијални листи.