МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА АВТОПАТОТ ДА БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2027 Интензивно се работи на патот Прилеп-Битола
Исклучително сум задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи кои во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира, изјави премиерот Христијан Мицкоски по извршениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.
– Отворен е простор од 8 километри на целата траса, деминиран комплетно, решен имотно правно како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следи и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно правно решени, битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека отприлика 3 години ќе бидат потребни за ова да се заврши, некаде до крајот на 2027 година – рече премиерот.