МИЦКОСКИ НЕ КОМЕНТИРА ЗА ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ Тој вели дека лидерот на СДСМ многупати рекол па порекол
На новинарско прашање што мисли кој ќе го замени Заев на функциите, Мицкоски рече дека самиот Заев брифирал некои новинари дека тој што седел до него на средбата со lлидерот на Алтернатива Африм Гаши ќе бил нов мандатар, а тоа е заменик министерот за финансии Ковачевски.
Не би сакал да коментирам, Зоран Заев многупати рекол па порекол, оставаме на Заев да одлучи дали ќе поднесе оставка или не, еве да почекаме до вторник како што самиот најавил, изјави денеска во Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, каде заедно со градоначалникот Кирил Пецаков промовираше проект за булевар, за кој градоначалникот рече дека „документационо бил завршен во изминатиот период“.
На новинарско прашање што мисли кој ќе го замени Заев на функциите, Мицкоски рече дека самиот Заев брифирал некои новинари дека тој што седел до него на средбата со lлидерот на Алтернатива Африм Гаши ќе бил нов мандатар, а тоа е заменик министерот за финансии Ковачевски.
На 12 декември во ВМРО-ДПМНЕ ќе се избира претседател на партијата, информира Мицкоски и рече дека секој што сака може да се пријави за избор на претседател на партијата.
Тој ја повика Бугарија да направи чекор напред и да не ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, затоа што, рече, македонскиот народ и сите граѓани не го заслужуваат тоа.
Мицкоски повторно се осврна на енергетската криза и рече дека станува збор за неспособна Влада која веќе ги потроши парите за капитални проекти за набавки на струја, а дека пари од граѓаните ќе одат, како што нагласи, во џебовите на претставници на власта.
Мицкоски оцени дека инфлација веќе има што се гледа и од пораст на цени на основни продукти и смета дека инфлацијата ќе се зголемува.
– Поскапени се основните производи, млекото, лебот, зејтинот, се е поскапено. Инфлација има, дел е увезена, дел е домашна поради политиките на владата на СДСМ и ДУИ, рече тој.