МИЦКОСКИ И ОРБАН ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И УНГАРИЈА Втора македонско-унгарска владина седница

Делегација од десетина министри вчера и денеска присуствува во Будимпешта, каде ќе се одржи заедничка унгарско-македонска владина седница. Покрај средбата на премиерите Мицкоскии Орбан, се одржуваат и повеќе билатерални средби меѓу ресорните министри.

126

Во рамки на унгарско-македонскиот самит остварив средба со премиерот Виктор Орбан, при што разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Делегација од десетина министри вчера и денеска присуствува во Будимпешта, каде ќе се одржи заедничка унгарско-македонска владина седница. Покрај средбата на премиерите Мицкоскии Орбан, се одржуваат и повеќе билатерални средби меѓу ресорните министри.







Владиниот самит почна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. По средбата Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.

– Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, но овој принцип треба да се применува кон сите. Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка на ЕУ и земја кандидат. Како што видовте, ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ – рече Сијарто.

Министерот Муцунски оцени дека во врка со евроинтеграциите земјата се наоѓа на клучен крстопат, бидејќи и покрај донесените бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство, ние  уште сме во чекалната на ЕУ.

Двајцата министри се осврнаа и на конфликтот во Украина и обидите за негово решавање од новата аминистрација на САД и претседателот Доналд Трамп. Сијарто нагласи дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН.

– Ние и Република Македонија сме на страната на мирот. Го поддржуваме претседателот Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори, бидејќи јасно гледаме дека мирот може да се постигне само преку американско-руски договор. Македонците и Унгарците сме заинтересирани за враќањето на мирот и тоа го покажува нашата соработка од минатата недела во ОН кога ја поддржавме Резолуцијата на САД. На крајот беше усвоен предлогот на САД – рече Сијарто.

Поврзани содржини