МИЦКОСКИ ЌЕ ОБЕЛОДЕНИ НОВИ КОРУПЦИСКИ АФЕРИ Заев го охрабри да поднесе докази
На тема корупција, Заев рече дека 11 години во државава беше воспоставен систем на криминал и корупција, а денес владее комплетна слобода и демократија. Мицкоски му врати дека затоа сме на дното по бројот на инвестиции и по починати од ковид, царува криминал и корупција, според „Економист“, втора година по ред сме хибриден режим.
Институците ги дадода одговорите за Кичевскиот и за Рашковски. Немам што да додадам или да одземам. Тоа се одлуки на правосудните органи, апсолутно надвор од мојата матрица на размислување е да се мешам во тоа што го одлучува судската власт. Само, уште еднаш ќе кажам, никој не е над законот, ниту е или треба да биде привилегиран. Законите важат еднакво за сите, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во тв дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев рече дека верува во праводсуството иако тоа, секако, напомена, треба да се унапредува.
Мицкоски, пак, најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за случајот со ЈП „Водовод“, како и дека следните денови ќе обелоденува нови коруптивни афери.
– Ќе го охрабрите ли Обвинителството да поведе постапка за случајот со ЈП „Водовод“ – праша Мицкоски.
Заев му одговори дека кога зборува за вакви случаи, да доставува и докази. Тој повтори и дека никој не е над законот.
Во текот на соочувањето на тема корупција, Заев рече дека 11 години во државава беше воспоставен систем на криминал и корупција, а денес владее комплетна слобода и демократија.
– Граѓаните денес може да зборуваат слободно за се. Вистината е една, денеска има отворени кампањи, секој е еднаков пред законот, нема некој што е поштеден зашто е близок до власта, секој одговара, има јасно воспоставено независно судство. Вкупно 16 судии се разрешени од Судскиот совет, се гонат сите што не делат правда, се гонат сите по допрен глас и ако има докази, има јасна антикорупциска политика. Продолжуваме со нашата борба, почнавме и кампања, сега ги вградуваме алатките и на локално ниво за да ја подигнеме свесноста на граѓаните, а побаравме помош и од меѓународните институции – истакна Заев.
На тоа Мицкоски рече дека сака да зборува само со бројки и ги изнесе последните неколку извештаи на Транспаренси интернешнал.
– Тоа е реалноста. Се останато е филозофија и бркање магла. Затоа сме на дното по бројот на инвестиции и по починати од ковид, царува криминал и корупција, според „Економист“, втора година по ред сме хибриден режим. Тоа е вашата заслуга – рече Мицкоски.