Мицкоски: Бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници

Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга - рече Мицкоски.

231

Во време на пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможат и да организираат бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат, истакна лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна. Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга – рече Мицкоски.

Поврзани содржини