Мицкоски: Бескруполозно е сега да зборуваме за датум за избори

Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека намесо власта да предложи протоколи и нови мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, тој само зборува за избори.

404

Оваа тригодишна пандемија предводена од Зоран Заев може да се победи само на избори. Тука нема никаква дилема. Ако за него тоа е точка, тогаш јас би додал уште две точки па да бидат три точки и да видиме како ќе се развиваат работите. Ни за демократијата не е добро да се затвори каналот на комуникација, оставам три точки да продолжи реченицата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција, за ставот на лидерот на СДСМ дека не отстапува и дека изборите ќе бидат на 5 јули.

Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека намесо власта да предложи протоколи и нови мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, тој само зборува за избори. Мицкоски додаде дека иабори ќе има но дека бескруполозно е сега да се зборува за датум за избори кога секојдневно расте бројот на заболени и на починати од ковид-19.






– Нема поместување од нашата официјална позиција. Континуирано ја анализиравме ситуацијата. Сега работата е прилично алармантна. Апелирам на одговорност до политичарите, да анализираме, да се обидеме да помогнеме и конечно да заврши успешно оваа сиутуација. Тогаш може да зборуваме за конкретни датуми за избори. Бескруполозно е сега да зборуваме за датум за избори – рече Мицкоски..

Според него, јасно е дека  ВМРО ДПМНЕ и покрај „Луј Витон“ судството и „„Рекет 1“ и „Рекет 2“ на Заев  не му се плаши ќе излезе и ќе го победи на избори.

– Не плаши дека сме држава со најмногу заболени од ковид-19. Ве молам дајте да се обидеме да спасиме човечки животи, да предложиме нови протоколи и мерки, ајде прво тоа да го завршиме, а потоа првиот слободен термин да организираме избори. Дали СДСМ и ДУИ ќе одат на избори кога ќе броиме десетици заболени, тогаш секоја чест, немам што да додадам. Ние секогаш сме за компропмис и стоиме на располагање на Зоран Зеав и на Али Ахмети ако им е потребе нашиот став да разговараме – рече Мицкоски одговарајќи на прашањето дека Заев не отстапува изборите да бидат на 5 јули.

Тој потврди дека по Советот за безбедност нема комуникација помеѓу власта и опозицијата.

– Од тогаш воопшто нема канал за комуникација, ситуацијата е алармантна оти има неколку стотици заболени. Не се чувствувам пријатно да зборувам за избори во ваква ситуација. Не убедуваа дека треба да научиме да живееме со пандемијата, да,  но не можам да живеам кога има 80 новозаболени. За избори да зборуваме кога ќе има  бројки кои се блиску до нулата. Имаме повеќе заболени отколку цел Балкан заедно. Одбивам да жоивеам со таква ситуација и ќе се борам за оваа ситуација што побрзо замине од нашата држава – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини