МИЦКОСКИ АЛАРМИРА Само за 10 дена потрошени 12,1 милиони евра за увоз на струја, кризата ескалира!

„Ние еднаш плаќавме, кога овие картели се здружуваа за да местат тендери во РЕК Битола и да се богатат на грбот на граѓаните, а сега втор пат плаќаме поради нивната неспособност да ги произведат количините електрична енергија кои што им се неопходни на граѓаните да ја поминат зимата. Зошто народот континуирано да ги плаќа грешките на СДСМ и на оваа влада која што е во заминување?“, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

495

Само за 10 дена, ЕЛЕМ, или сегашно ЕСМ Трејд, затоа што не е способно да произведе, набавило електрична енергија во вредност од 12,1 милиони евра, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, повикувајќи се на документ што го добил денеска.

Енергетската криза во Македонија ескалира, а народот втор пат ја плаќа неспособноста на власта да произведе електрична енергија. Затоа, неопходни се брзи избори за одржлив план и стратегија за развој, изјави Мицкоски при денешната посета на општина Илинден, одговарајќи на новинарско прашање.






– Во Македонија енергетската криза веќе ескалира. Денеска добив документ од кој што можам да заклучам дека само за 10 дена, ЕЛЕМ, или сегашно ЕСМ Трејд, набавува електрична енергија во вредност од ниту помалку ниту повеќе 12,1 милиони евра. Во моментот трае пресметката на тоа колку сме потрошиле во ноември за набавка на електрична енергија, поради тоа што ЕЛЕМ не е подготвен да произведува, нешто на што апелиравме уште во мај, јуни месец оваа година дека ќе се случи. За жал, тогаш, како и многупати до сега, тврдоглавата влада, владата која што е самобендисана, ги отфрли нашите потенцијални антиципации на ова што денес се случува. И ги игнорираше. Јас сум убеден дека тие се неспособни да излезат од оваа состојба во која што сега се наоѓаат, а притоа да не потрошат многу пари на граѓаните. Веќе потрошија 4 милијарди денари, односно 65 милиони евра, а зимата е пред нас, допрва ни доаѓаат месеците декември, јануари и февруари. Единствениот начин во моментот да ја пребродат кризата е да потрошат многу пари на граѓаните, нема друг начин – изјави лидерот на опозициската партија.

Мицкоски го постави и прашањето дали ќе има одговорност.

– Ние еднаш плаќавме, кога овие картели се здружуваа за да местат тендери во РЕК Битола и да се богатат на грбот на граѓаните, а сега втор пат плаќаме поради нивната неспособност да ги произведат количините електрична енергија кои што им се неопходни на граѓаните да ја поминат зимата. Значи, ние, како држава, ќе потрошиме енормно многу пари. Прашањето е дали некој ќе сноси одговорност, затоа што ако нема одговорност, ако вие не знаете каде сте погрешиле, тогаш таа грешка ќе ја повторите, а за жал нема тие да ја платат, ќе ја плати народот и народот ќе биде дополнително осиромашен, тоа е суштината на овој проблем.  Зошто народот континуирано да ги плаќа грешките на СДСМ и на оваа влада која што е во заминување? – рече тој и се заложи час поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори, за да има одржливо решение, за да има стратегија и план како треба Македонија понатаму да се развива.

Поврзани содржини