МИЦКОСКИ ЈА ПРЕТСТАВИ РЕФОРМСКАТА АГЕНДА „24-27“ Премиерот посочи дека со ова ќе се унапреди економскиот раст и стабилноста на државата
Премиерот посочи дека по ратификацијата на договорите пак ќе биде поднесено барањето за повлекување на првата транша во висина од 7 проценти од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја претстави реформската агенда „24-27“ која е резултат да се унапредат економските раст и стабилност на Македонија во рамки на планот за раст за земјите од Западен Балкан.
– Овој план е инициран од Европската комисија и има за цел да ги намали економските диспаритети на државата и ЕУ. На граѓаните ќе им се нуди пристап до придобивките на Унијата уште пред официјалното членство – рече премиерот.
Тој посочи дека реформската агенда се темели на четири столбови.
– Зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на ЕУ. Овој процес ќе го зголеми нашиот пристап до пазарите, ќе ја подобри трговијата и ќе ја поттикне регионалната стабилност.
– Продлабочување на економската интеграција преку зголемена соработка со нашите соседи во рамки на заедничкиот пазар. Со тоа ќе се создаде посилна и поотпорна економија.
– Забрзување на фундаменталните реформи. Овие реформи се клучни за усогласување на законодавството и стандардите на ЕУ, овозможувајќи економски развој и придобивки на нашите граѓани.
– Зголемување на финансиската помош на реформите со пакет 6 милијарди евра од кои 2 милијарди се грантови. Економијата ќе добие значителна поддршка за спроведување на реформите и постигнување на целите.
– Според формулата за нас треба да припаднат 740,4 милиони евра за периодот од 2024 до 2027 година. Реформската агенда за периодот 2024-2027 треба да биде усвоена од Европската комисија со што ќе се отвори можноста за потпишување на договор за механизмот за раст и договор за заем – рече Мицоски.
Тој посочи дека по ратификацијата на договорите пак ќе биде поднесено барањето за повлекување на првата транша во висина од 7 проценти од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.
– Реформската агенда е подготвена во соработка со Европската комисија и ќе опфати приоритетни области. Тука спаѓаат Јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човековиот капитал и подобрување на деловното опкружување. Овие приоритети се клучни за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и за обезбедување на долгорочна стабилност и напредок – истакна премиерот.